
Националниот систем за електронска евиденција Мој термин функционира непречено
Од Управата за електронско здравство информираат дека националниот систем за електронска евиденција во здравството Мој термин функционира непречено.
Пациентите можат континуирано да се лекуваат во сите здравствени установи и матичните лекари можат да вршат секојдневни прегледи, да издаваат упати и рецепти, кои се подигнуваат во аптеките без застој.