Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Национална републиканска армија презеде одговорност за убиството на блогерот Татарски
Македонија

Национална републиканска армија презеде одговорност за убиството на блогерот Татарски

05/04/2023

AA

Рускиот портал Медуза објави дека организацијата Национална републиканска армија (НРА) презеде одговорност за убиството на блогерот Владлен Татарски.

– Организиравме и спроведовме акција на 2 април 2023 година, против група З-активисти и лично против познатиот воин и воен пропагандист, воениот злосторник Максим Фомин, познат како Владлен Татарски. Овој чин го подготвивме и го извршивме самостојно и немаме никаква поврзаност ниту сме добиле помош од странски структури ниту од специјални служби, се наведува во пораката објавена од НРА.

Организацијата тврди дека нивната акција не била насочена против „мирните цивили“ и дека сите жртви на нападот биле поддржувачи на руската војна против Украина.

НРА ги повика руските активисти за човекови права да и помогнат на Дарија Трепова, за која властите се сомневаат дека го извршила нападот. Тие, исто така, ги повикаа Русите да се спротивстават на режимот во Кремљ на сите нивоа, „до негово целосно уништување“.

НРА претходно презеде одговорност и за убиството на Дарија Дугина, ќерка на идеологот Александар Дугин.

Окружниот суд во Москва претходно го одобри барањето на Обвинителството за притвор на Трепова, која беше приведена по експлозијата во која беше убиен Татарски. Трепова се товари за тероризам и недозволено тргување со експлозив. Таа во притвор ќе биде до 2 јуни.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy