Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Набавката на опрема за Армијата поддржана од Европскиот мировен фонд тече според планираното, беше потврдено на денешниот Управувачки комитет
Македонија

Набавката на опрема за Армијата поддржана од Европскиот мировен фонд тече според планираното, беше потврдено на денешниот Управувачки комитет

20/02/2024

AA

Набавката на воена опрема поддржана од Европскиот мировен фонд со 9 милиони евра тече согласно планираната динамика, беше потврдено на денешниот прв состанок на Управувачкиот комитет одржан во Домот на Армијата.

Комитетот чија основна задача е да ја следи реализацијата на овој проект се состои од претставници на Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата, Организација за имплементација на мерката од Европскиот Мировен фонд, Организацијата за унапредување на човековата безбедност (ИТФ) и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Директорот на Генералштабот, бригадниот генерал Симеон Трајковски на отворањето на состанокот истакна дека оваа помош од Европската Унија наменета за потребите на македонската Армија ќе ги зајакне капацитетите на Армијата, ќе влијае на развојот на одбранбените способности и на интероперабилноста на Армијата.

Директорот на словенечката организација за унапредување на човековата безбедност – ИТФ, амбасадорот Томаж Ловренчич, агенција која ќе го имплементира проектот на Европскиот мировен фонд за поддршка на Армијата додаде дека планираните активности се веќе започнати и се реализираат согласно стратешките цели, листа на приоритети и роковите на испорака на опрема за Армијата. Првата испорака, истакна, се очекува да биде во април оваа година.

Хозе Карлос Енгра Морено од Службата на Европската комисија за инструментите на надворешна политика ја истакна важноста на земјите од Западниот Балкан за безбедноста на Европа и додаде дека покрај оваа помош за Северна Македонија вакви проекти се веќе во тек и со други земји од регионот.

Средствата кои се дел од овој Проект се наменети за набавка на опрема за Лесната пешадиска баталјонска група и тоа логистичка, медицинска, инженериска и опрема за изведување на обуки, комуникациско-информациски системи и за разузнавачки капацитети.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy