Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НА ЖЕШКОТО СОНЦЕ, УШТЕ ПОЖЕШКА ЗДЕЛКА – кој плати сума од еден милион евра за помалку од 5 отсто од една тетовска компанија
Економија

НА ЖЕШКОТО СОНЦЕ, УШТЕ ПОЖЕШКА ЗДЕЛКА – кој плати сума од еден милион евра за помалку од 5 отсто од една тетовска компанија

19/06/2024

AA

Кој вели дека е здодевно на
македонскиот пазар на капитал. Нема, нема, па ќе се случи некоја блок
трансакција, која и тоа како заслужува новинарско внимание и анализа.

Една таква вест за значајна
блок трансакција беше вчерашната, во која главна улога имаа акциите на
тетовскиот комбинат „Тетекс“. И според сумата, која се доближува до еден милион
евра продадени акции во исти ден и за еден познат купувач, но и според акционерскиот пакет кој беше продаден, а тоа се 4,62 проценти од вкупниот
акционерски капитал, што воопшто не е за потценување.

Што всушност помина вчера
на Берзата.

Како што известија оттаму,
биле продадени 19.118 обични акции, што е 4,62 отсто од сопственичката
структура на тетовското акционерско друштво.

Секоја акција постигнала
цена, односно била продадена по 3.150 денари за акција, што значи дека вкупната
вредност на трансакцијата била 60.221.700 денари, што е рамно на 979 илјади
или близу еден милион евра.

Сега не знаеме кој е тој што ги
купил акциите, но за него е факт дека не жалел пари за да се стекне со овој
акционерски пакет. Бидејќи, последната цена која е на редовниот пазар платена
за акции на тетовскиот некогаш текстилен комбинат, изнесува 3.000 денари за
акција. Тоа тргување се случило пред неколку дена, односно на 14 јуни, но притоа
била купена минорна количина од само пет акции.

Затоа, пак, два дена порано, односно
на 12 јуни, акцијата на „Тетекс“ била многу популарна на редовното тргување, и
тогаш се истргувале дури 669 акции, но цената била прилично пониска и изнесувала
2.799 денари за акција.

Или, ако некаде во април спласнал и интересот
за купување на акциите на комбинатот, а се намалила и нивната цена, факт е дека
сега во јуни се случува своевидно „воскреснување“ и само нагорни височини, и на
количините, и на цените кои се тргуваат.

Која е причината за овој раст,
можеби ќе дознаеме од наредната недела, кога Централниот депозитар за хартии од
вредност ќе треба да ја ревидира сопственоста, односно ако некој со новиот
пакет го зголемил својот акционерски процент, или, пак, ако излезе некој нов сопственик на акции со
над 5 отсто, покрај сегашните тројца акционери физички лица, кои се доминантни во акционерската структура.

Во моментов, без да е тука
вкалкулирана блок трансакцијата, најголем акционер е Иванка Гоговска, и таа поседува 6,92 отсто, потоа Лоди
Гоговска располага со 6,89 проценти и Бобан Гоговски, кој воедно е и генерален
диртектор на компанијата, поседува 6,67 отсто од акционерскиот пакет.

Исто така, 17 домашни правни лица
поседуваат заедно 9,96 отсто од акциите.

А, покрај тројцата доминантни
акционери, во „Тетекс“ има уште 1.021 акционери домашни граѓани, односно
физички лица, чии акции заедно изнесуваат 69,23 проценти.

Каква ќе биде акционерската
структура после блокот од еден милион евра, ќе видиме во понеделник.

Инаку, Фактор неодамна пишуваше дека тетовскиот комбинат
„Тетекс“ одлучи половина од минатогодишната добивка да ја подели како
дивиденди, половина да остане за идниот период како нераспоредена добивка
,
а пет проценти од профитот или 73 илјади евра ќе завршат на контото на
генералниот директор Бобан Гоговски. 

Како што наведоа од
Тетекс, нивниот чист профит за минатата година изнесувал 1,53 милиони евра. Од
овие пари, многу помал дел отиде за законски резерви на друштвото, и тоа сума
од околу 77 илјади евра.

Остатокот од овие средства,
пак, ќе се подели на приближно еднакви суми. Односно, 730 илјади евра ќе се
исплати во вид на дивиденда на акционерите, додека, пак, 727 илјади евра ќе
останат како износ на нераспоредена добивка.

А, Бобан Гоговски кој се
наоѓа на челната позиција на комбинатот, ќе добие 5 проценти од 1,457 милиони
евра, што е рамно на близу 73 илјади евра.

Инаку, во текот на
минатата година приоритетна приходна дејност на тетовскиот комбинат била
издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под
закуп.

Во своите отчети кон
акционерите од компанијата објаснија дека остварената добивка е зголемена и
благодарение на продажбата на залихите на производи кои долг период ја оптоваруваа билансната
состојба на Друштвото.

Инаку, лани
„Тетекс“ оствари чист профит од 1,53 милиони евра. 
Бобан Гоговски од овој профит,
согласно со акциите со кои располага, доби дивиденда од
48,7 илјади евра. Или, вкупно првиот човек на Тетекс,
како резултат на успешното работење на компанијата во минатата година, инкасира
сума од нецели 122 илјади евра.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy