Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На земјиште од 28 милиони евра, наплаќаме закуп од само 120 илјади во слободните индустриски зони
Економија

На земјиште од 28 милиони евра, наплаќаме закуп од само 120 илјади во слободните индустриски зони

24/12/2024

AA

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони има земјиште кое, барем на хартија, вреди 28 милиони евра, но од тоа минатата година е остварен симболичен приход за закуп од само околу 120 илјади евра.

Ова е констатирано во ревизорскиот извештај за приходите на Дирекцијата остварени во 2023, каде што е прикажано дека е остварен закуп на градежно земјиште од 7.411.000 денари, а при тоа во делот на материјалните средства е заклучено дека парцелите што се во зоните вредат 1,7 милијарди денари.

„Земјиштето во износ од 1.703.825 илјади денари се однесува на градежно земјиште со површина од 7.945.797 метри квадратни кое е во сопственост на РСМ лоцирано во повеќе технолошко-индустриски зони за кои работите во врска со основањето, управувањето и развојот на зоните ги врши Дирекцијата врз основа на Одлуки на Владата. Дел од наведеното земјиште со површина од 1.588.057 метри квадратни било дадено под долгорочен закуп на корисниците на технолошките индустриски развојни зони, додека остатокот вклучува корисна површина што е во функција на закупениот имот, како и слободни парцели наменети за издавање на корисниците во ТИРЗ“, објаснуваат ревизорите.

Инаку во слободните индустриски зони во Скопје 1, Скопје2, Прилеп, Штип, Струмица, Кичево, Струга, Тетово итн, минатата година работеле околу 35 фабрики, главно на странски инвеститори и претежно од автомобилската индустрија.

Наплатата на симболичната сума е регулирана преку договори со компаниите кои имаат свои фабрики во некоја од активните индустриски зони. Според тоа, сумата од околу 120 илјади евра за долгогодишното отстапување на пространите парцели може да се каже дека е очекувана, поради повластените цени.

Другите услуги се наплатени објективно, барем од голо око, па така од обезбедување на гас Дирекцијата од фабриките има приход од 3,85 милиони евра, а од одржување на инфраструктурата и евиденцијата за влез и излез на стоки се добиени 3 милиони евра.

Околу 32 милиони евра се сите расходи од државниот буџет со кои преку Дирекцијата индиректно се работи во корист на опслужување на инвеститорите во слободните индустриски зони.

Тука не се вклучени парите кои Владата директно им ги дава како државна помош по други законски основи на сопствениците на фабриките. Освен преку Дирекцијата, Владата ги помага инвеститорите во зоните и директно со свои средства врз основа на потпишаните договори, а најчеса помош се грантови за остварената инвестиција, нови вработувања, плати и придонеси, како и даночните и царинските давачки.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy