Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НА ЗАПАД НИШТО НОВО Самитот на ЕУ нема да ја притисне Македонија да го смени Уставот, но ќе ги потврди преземените обврски на владата во Скопје
Македонија

НА ЗАПАД НИШТО НОВО Самитот на ЕУ нема да ја притисне Македонија да го смени Уставот, но ќе ги потврди преземените обврски на владата во Скопје

18/12/2025

AA

На редовниот годишен самит што се одржува во Брисел денеска, четврток 18 декември, Европската Унија нема експлицитно да побара македонската влада да го смени Уставот и во него да ги внесе Бугарите. Од досегашните формулации и од деловите од документот што се веќе познати, одговорот е јасен – таква експлицитна обврска во декларацијата не постои.

Брисел останува во рамките на веќе познатата дипломатска формула, повикувајќи на имплементација на постојните договори и на добрососедските односи, без да навлегува во конкретни уставно-правни решенија.

Клучната формулација од декларацијата за Македонија

На редовниот самит на ЕУ со лидерите на земјите од Западен Балкан е најавено усвојување на заедничка декларација. Документот има политичка, а не правно обврзувачка тежина, но традиционално служи како рамка за тоа како Унијата ги гледа односите со регионот и кои се нејзините приоритети во наредниот период. Токму затоа, секоја формулација во ваквите декларации внимателно се чита и се толкува, особено кога станува збор за чувствителни прашања поврзани со проширувањето.

Во текстот на декларацијата, кој веќе е јавно достапен, нема директна реченица што вели дека уставните измени се услов за напредок, ниту пак се именува конкретен чекор што владата во Скопје мора да го преземе во тој поглед.

Клучната формулација што се однесува на Северна Македонија гласи дека „помирувањето, инклузивната регионална соработка и добрососедските односи се во самото срце на Европската Унија“, како и дека „спроведувањето на меѓународните договори со добра волја и со опипливи резултати, вклучително и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, е затоа од суштинско значење“.

Оваа реченица е внимателно балансирана: таа ја потсетува Македонија на преземените обврски, но не ја наведува промената на Уставот како конкретна задача.

Токму во тоа лежи и политичката нијанса на декларацијата. Европската Унија не ја презема улогата на директен наметнувач на уставни решенија, туку ја остава интерпретацијата на имплементацијата во рамките на веќе постоечките преговарачки и политички процеси.

Во продолжение, декларацијата наведува дека „и понатаму се потребни решителни дополнителни напори за поттикнување на помирувањето и регионалната стабилност, како и за изнаоѓање и спроведување конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашања вкоренети во наследството од минатото“.

Брисел не попушта, но не сака директна конфронтација со македонската позиција

За македонската позиција, ова значи дека декларацијата не носи ново условување, но и не ги релативизира старите. Европската Унија повторно ја поставува Македонија во рамка во која европскиот напредок е нераскинливо поврзан со билатералните односи и со интерпретацијата на договорите со соседите.

Политички гледано, ова е двосмислена, но намерна стратегија. Брисел избегнува директна конфронтација со македонската јавност за чувствителното прашање за Уставот, но одговорноста и натаму е насочена кон владата во Скопје – не преку експлицитна наредба, туку преку очекување дека „решенијата“ ќе бидат пронајдени внатре во процесот.

Западниот Балкан е важен, но правилата за проширување засега нема да се менуваат

ЕУ во декларацијата ќе го истакне значењето на конкретни реформи во правосудството, владеење на правото, безбедноста и администрацијата што секоја земја мора да ги спроведе. Ова е поврзано со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, кој има за цел постепено поврзување со единствениот пазар и економската интеграција.

Декларацијата ќе го истакне значењето на усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучувајќи и прашања како миграцијата, организиран криминал и врските со надворешни актери.

Во таа смисла, Македонија ќе биде поддржана да продолжи со реформи за владеење на правото, борбата против корупцијата, контрола на миграцијата и усогласување со политиките на ЕУ на сите полиња.

Во поширокиот контекст, декларацијата треба да покаже дека Брисел сака да ја задржи контролата врз процесот на проширување, особено во време на геополитички тензии и внатрешни дебати во самата Унија. Пораката е дека Западниот Балкан е важен, но дека правилата за проширување засега нема да се менуваат. Македонија ќе добие јасна порака дека за неа европската перспектива останува жива, иако цената и натаму ќе биде висока и политички чувствителна.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy