Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Највисокиот менаџмент на Еуромакс со писмени потписи гарантира дека нема да се користи цијанид во рудникот „Иловица – Штука“
Македонија

Највисокиот менаџмент на Еуромакс со писмени потписи гарантира дека нема да се користи цијанид во рудникот „Иловица – Штука“

05/12/2023

AA

Со писмо адресирано до министерот за животна средина и просторно планирање, г-ѓата Каја Шукова, Еуромакс Ресоурцес ги расчистува сите дилеми и заблуди кои во изминатиов период се создадоа во однос на работата на идниот рудник за бакар „Иловица- Штука“ и уште еднаш бара од надлежните органи да го разгледаат и да одговорат на барањето за спојувањето на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“ за кое нема никакви законски пречки да биде позитивно.

Во писмото, потпишано од највисоките членови на раководниот тим на Еуромакс Ресоурцес, Тимоти Морган Вин, претседател на Одборот на директори и главен извршен директор и Николас Треанд, извршен директор, компанијата нагласува дека во процесот на експлоатација на минералните суровини во рудникот нема да се користи цијанид, ниту било каква цијанидна супстанција. Компанијата се заложува да инвестира во најсовремени технологии кои овозможуваат управување со отпадот според методологијата за „суво јаловиште“ односно јаловината би била со слична текстура на обичната почва, како и плановите за инвестирање во нов водоводен систем за локалните села и населението.

„Во ова писмо ја нагласуваме нашата заложба дека во процесот на експлоатација нема да има употреба на цијанид. Повторувам, нема да има употреба на цијанидна супстанција во која било форма. Што се однесува до загриженоста за управувањето со јаловина, веќе имаме исклучително безбеден дизајн за управување со јаловина. Сепак, со оглед на неодамнешните важни технолошки подобрувања, ќе нарачаме студија за спроведување на капацитет за управување со „сува јаловина“.  Доколку е остварливо, тоа значи уште едно постепено подобрување на безбедноста, дополнително намалување на ризикот од дефекти на браната, загадување на околните води или оштетување на околниот биодиверзитет и елиминирање на потенцијалното прелевање на јаловината. Во секој случај, нема да има брана со висок ѕид што ќе задржува огромна количина [загадена] вода. За да обезбедиме безбедно и стабилно водоснабдување за домаќинствата, ние се обврзуваме да инвестираме во нов водоводен систем за локалните жители да имаат чиста вода; и се обврзуваме да изградиме цевковод од акумулацијата Турија до Иловица, обезбедувајќи сигурно снабдување со вода за жителите да не останат без вода во текот на топлите лета“, истакна Тимоти Морган – Вин, претседател на Одборот на директори и главен извршен директор на Еуромакс Ресоурцес Лтд.

Нашата примарна цел е да ги ублажиме стравувањата околу спроведувањето на нашиот проект, истакна Николас Треанд, извршен директор на Еуромакс Ресоурцес Лтд, изразувајќи уверување дека планот за отворање на рудникот не само што ќе придонесат позитивно за економскиот раст, туку и ќе се усогласат со целите на еколошките активисти кои се залагаат за транзиција кон зелена енергија.

„Според Светската банка, зголемената побарувачка за „зелена“ технологија и производство на обновлива енергија, заедно со софистицираните решенија за складирање енергија, се предвидува да доведе до пораст од 500% на производството на критични минерали и метали потребни до 2050 година, вкупно околу 3 милијарди тони. Според сегашниот проект, рудникот Иловица Штука ќе произведува 24.000 тони бакар годишно. Нагласувајќи ја важноста на нашиот проект за рударство, од витално значење е да се забележи дека во текот на неговиот животен век, тој ќе игра клучна улога во исполнувањето на овие растечки глобални барања. Рударската индустрија значително еволуираше во последниве години, водена од принципите на одговорно рударство. Ние се придржуваме до современите технологии кои даваат приоритет на заштитата на животната средина, ги подобруваат работните услови и поддржуваат значителна општествена одговорност. Ќе го повторам она што Тим веќе го кажа многу јасно, рудникот Иловица Штука ќе биде без цијанид, со методологија на сув талог за управување со јаловина, нема да има опасност од прелевање, сегашното водоснабдување нема да биде во опасност и ќе инвестираме во нов цевковод кој обезбедува побезбедно и стабилно снабдување со вода за локалното население“, истакна извршниот директор, Николас Треанд.

Меѓу највисоките приоритети на компанијата останува и одржувањето на соработката и комуникацијата со локалното население. Реализацијата на овој проект не значи сценарио или-или. Сосема спротивно, напредокот во современите технологии го отвора патот за соживот и истовремен развој и на рударската индустрија и на земјоделството под поволни услови, нагласи Дамиан Петровски, извршен директор на Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје.

„Во согласност со оваа визија, нашата компанија се обврзува да биде поддршка за локалното земјоделство. Нашата посветеност планираме да се материјализира преку различни начини, вклучително и финансиска помош за набавка на напредни земјоделски машини. Ја препознаваме клучната улога на технологијата во современото земјоделство и, како дел од нашите заложби, имаме за цел да го олесниме пристапот до најсовремените алатки и знаења кои можат значително да го подобрат локалното производство“, рече Петровски.

Од овие причини компанијата повикуваме властите да го разгледаат нашето писмо и очекуваме во најскоро време соодветна одлука за нашето барање за спојување на концесиите.

„Предметот предолго е заглавен во управните и судските постапки. Сметаме дека во најдобар интерес на жителите, државата и проектот е да се донесе брза одлука за иднината на овој проект – или регионот ќе добие мега инвестиција што ќе го поттикне економскиот развој во годините што доаѓаат, или ќе бидеме принудени да разгледаме други решенија за заштита на нашата инвестиција“, порача на крајот претседателот на Одборот на директори и главен извршен директор, Тим Морган – Вин.

Реализацијата на планот за изградба на рударскиот комплекс „Иловица – Штука“ означува значителна инвестиција во износ од 340 милиони евра. Оваа иницијатива ветува дека ќе генерира приближно 1.000 директни работни места во фазата на изградба и 500 директни работни места за време на работата на рудникот. Покрај неговото непосредно влијание врз вработувањето, проектот е ќе даде значителен придонес во бруто домашниот производ на земјата, вбризгувајќи средства и во државниот и во општинскиот буџет. Позитивен ефект ќе има врз локалните бизниси, кои ќе имаат значителни придобивки. Проекциите сугерираат годишен прилив од околу 74 милиони евра во овие локални претпријатија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy