Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „На Вардар му треба помош веднаш, а не ветувања и лицемерие!“
Спорт

„На Вардар му треба помош веднаш, а не ветувања и лицемерие!“

07/08/2023

AA

Враќањето на Вардар во Првата македонска фудбалска лига беше регистрирано со пораз од 0-1 на гостувањето кај Брера Струмица, но за луѓето кои се трудат да го одржат на нозе, поразот во Струмица е многу повеќе од само загубен натпревар. Тој претставува една слика за актуелната состојба на Вардар, па затоа преку Фејсбук се огласи еден од предводниците на Комити.

Во објава на својот личен профил, Милорад Миленковски напиша дека и во оние 0-1 во Струмица може да се прочитаат тешките нозе и нефудбалските проблеми кои го гушат Вардар. 

„Игрите на теренот не загрижуваат толку колку што загрижува ИНСТИТУЦИОНАЛНАТА НЕГРИЖА, демонстрирана од сите страни“, пишува Миленковски набројувајќи како во моментов стојат релациите на клубот со општините кои помогнале, кои ветија помош и секако, со Град Скопје.

„Сезоната започна, Вардар го одигра својот прв прволигашки натпревар по цели две години.

Го доживеавме првиот пораз, првата тага, како еден мал чекор назад, во многуте чекори кои ги изодевме и треба да продолжат во вистински правец.

Се почувствува дека и максималниот ангажман на теренот, не е доволен за остварување на позитивен резултат, со силите со кои располагаме, иако видно ослабени поради неиграњето на Нијаз (повреда), Демир (долга пауза), како и странците Педрињо, Матеус и Алаведра (доцнење со документација). Исто така нешто што остави впечаток беа “полесните нозе” на противникот, и подобрите физички можности, кои по мене го одлучија победникот.

Но игрите на теренот не загрижуваат толку колку што загрижува ИНСТИТУЦИОНАЛНАТА НЕГРИЖА, демонстрирана од сите страни:

1) ПУИГ, УЈП и ВЛАДАТА покажаа игнорантски однос кон нашите барања, и изненадувачки не ја препознаа искрената енергија и страста со која го поттикнавме решавањето на проблемите кај “Клубот на Народот”, предизвикани од други, но продлабочени најмногу поради негрижата на самите институции.

2) Општините по декларативната поддршка која ја дадоа, не застанаа цврсто со нас, иако условот за преземање на клубот од Комити, со цел тоа да се случи, веќе е исполнет.

Единствена реална поддршка има од Општина Аеродром со реновирањето на теренот, и од Гази Баба со теренот во Маџари. Кисела Вода помогна за време на бараж натпреварот, и од таму сите очекуваат можеби најмногу.

Другите општини не покажаа никаква иницијатива за сега.

Финансиска поддршка за сега нема, иако некои општини имаат изгласано во редовен буџет (Аеродром) или ребаланс (Кисела Вода).

Се повеќе владеат сомнежите дека тие заедно, а можеби и координирано ги користат алатките кои ги имаат за наше исцрпување од финансиски, физички и морален аспект, со цел играње на картата на други. Но во ред, и да е така, ајде тоа да го констатираме, или аргументирано да го демантираме.

3) Независен Вардар – Клуб на Народот, не може да има доколку клубот се потпира на луѓе кои чекаат наредби “од горе”. Независен Вардар може да биде само доколку народот, ослободен од сите пранги (ментални и физички), има висока колективна и национална свест. Основата на Вардар би требало да бидат независните патриоти, кои го сакаат клубот и го разбираат значењето на она што тој претставува.

Основата на Вардар треба да бидат храбри претприемачи, решителни луѓе кои размислуваат здраворазумно, обични охрабрени граѓани, патриоти, ‘легендите’, Македонци – Народот.

4) Град Скопје.

По изгласувањето на Ребалансот и иницијативата за помош на ФК Вардар, очекуваме конкретен чекор, и конечно реализација, затоа што евентуалното одолговлекување, им оди во прилог на оние кои сакаат клуб на Олигарси на кои самите служат, а не народот кој треба да биде основата на клубот.

А очигледно е дека ќе се одолговлекува и ќе се политизира, бидејќи задоволувањето на сите е важно, освен излегувањето во пресрет на Вардар. Да не се лажеме, љубовта кон Вардар се знае како се покажува, искрено и од срце…но за сега постои само лицемерие.

Никој не треба да си дозволува себеси да се поставува над народот.

Никој не смее да си дозволи да му ја украде победата на својот народ.

Никој не смее да си дозволува да го деморализира својот народ.

Како кула од карти може да се сруши единствената позитивна и охрабрувачка приказна во мрачното секојдневие на ова истрошено од вистински вредности општество. А за жал наместо реална поддршка, добиваме дополнителни сопки.

Оваа борба ја водиме волонтерски, и од искрени побуди, затоа заслужуваме барем да не ни се “штелуваат” ситуации.

Или помогнете, или барем кога не помагате, не ни одмагајте.

Ние како и да е ќе продолжиме да се бориме, и на нозе ќе ги издржиме понижувањата и отежнувањата, кои очигледно ќе продолжат да ни се сервираат, што и да направиме. Затоа што станува очигледно дека на ова општество кое е длабоко потонато во кал и депресија, не му е потребна подадена рака ниту надеж.

И секогаш за жал преовладува оној момент кој стои во прирачникот за самоуништување, а тоа е прашањето поставено кон самите себеси – Зошто тој а не јас? Зошто тие а не ние? Зошто Вардар кога молкот носи личен бенефит.

Затоа за инает на сите душмани, но пред се за љубовта кон Вардар. Затоа што Вардар е причина да се живее но и мотив да се брани по секоја цена.

НЕМА МОЛЧЕЊЕ !

НЕМА ДЕМОРАЛИЗАЦИЈА !

НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ !

БОРБА ДО КОСКА !

#ВардарСветоИме #ЕденЖивотЕднаЉубов“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија во притвор, а 5 во

19/06/2026

Иако Основниот кривичен суд Скопје експресно ги одреди мерките за притвор на приведените во мега-скандалот во ФФМ, главниот предизвик за

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица приведени

19/06/2026

Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала вкупно десет случаи на семејно насилство на подрачјата на Скопје, Кочани, Штип, Делчево, Велес и

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското

19/06/2026

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy