Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Најтопло денеска во Скопје и Демир Капија до 27 степени – попладнево на местa појава на невреме!
Македонија

Најтопло денеска во Скопје и Демир Капија до 27 степени – попладнево на местa појава на невреме!

29/05/2023

AA

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 13 Попова Шапка, 15 Лазарополе, 18 Маврови Анови, Крушево, 20 Берово, 21 Прилеп, Претор, 23 Охрид, Битола, 24 Крива Паланка, 25 Штип, Тетово, 26 Скопје–Зајчев Рид, Струмица, Виница, Гевгелија, Демир Капија, 27 Скопје-Петровец.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m2): 11 Крушево, 2 Скопје Петровец, Охрид, 1 Демир Капија.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево со мала до умерена облачност. Попладнево имаше локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места имаше и краткотрајно поинтензивни процеси со изолирана појава на ситен град (Велешко, Пелагонија, Кумановско, Полог).

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Сончево со мала до умерена облачност. На места и понатаму ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

ВРЕМЕТО УТРЕ: Претпладне со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Влијанието на циклонската активност од југоисток ќе услови времето и во следните денови да се задржи претпладне посончево, а попладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy