
На светот му требаат милиони тони повеќе ориз
Светот се соочува со недостиг на ориз каков немало цели 20 години. Глобалниот дефицит за 2022/2023 година би изнесувал 8,7 милиони тони.
Како што објави Fitch Solutions, глобалниот пазар на ориз ќе го забележи најголемото намалување во последните две децении. Цените на оризот се очекува да останат на сегашните највисоки нивоа до 2024 година.
Цената на оризот во просек е 17,30 долари по cwt од 2023 година до денес, а ќе се намали само на 14,50 долари по cwt во 2024 година. Cwt е мерна единица за одредени стоки како што е оризот. Кина и Пакистан имаат намалено производство поради неповолни временски услови. Во септември, Индија го забрани извозот на скршен ориз. Тоа влијаеше на цената на оризот.
foto freepik.com/jcomp
