Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На судењето за „Беса транс“ доставени видео записи за преминот на автобусот на граница и работата на царинската управа и граничната полиција
Македонија

На судењето за „Беса транс“ доставени видео записи за преминот на автобусот на граница и работата на царинската управа и граничната полиција

09/05/2023

AA

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска со изведување на докази од Обвинителството продолжи судењето за „Беса транс“. На денешното рочиште беа доставени видео записи за преминот на автобусот на граница и работата на Царинската управа и Граничната полиција.

Како што информираше застапникот на обвинението, Владимир Милошевски, до судот се доставени и цедиња со прилози од Обвинителството, како и документи за предметот, поврзани со податоци од Царината, за преминување на автобуси на граничните премини, но и видео записи од граничен премин „Деве Баир“, за последниот излез на автобусот.

– Ова е повеќечасовен видео запис што ја покажува работата на царинската управа, граничната полиција, пристигнувањето до граничниот премин и заминувањето. Ова е материјал со кој се докажува дека автобусот без извод од лиценца ја напушта државата. Видеото ќе се гледа на наредната главна расправа, појасни тој.

На денешната главна расправа, беше испрашуван претставникот на Министерството за транспорт и врски, Драганче Јовев, кој остана во целост на исказот даден претходно во судот.

На прашањата околу издадената лиценца со четирицифрен број, и дали таа постои во евидениите на министерството, извештаите од компанијата до МВР и ОЈО Скопје и дали може да се констатира дека не била извршена проверка, претставникот одговори дека за тоа ќе треба писмено да се обратат.

Прашан дали сите лиценци за кои се говори се издадени, оригинални и веродостојни и постојат во вашите системи, тој одговори дека се издадени од нивна страна.

– Можам да констатирам дека изводите од лиценци и лиценцата што ја наведов минатиот пат, се издадени од наша страна. Не можам да потврдам дали се подигнати од страна на превозникот и одговорното лице, одговори претставникот на Министерството.

Прашан може ли да заклучиме дека секојдневно сте во контакт со Царина околу проверките на издадените лиценци, тој одговори дека немале секојдневна комуникација пред настанот.

– Ние секојдневна комуникација пред настанот сме немале, но секогаш кога Царина барала, сме доставувале податоци во најкус рок, одговори тој.

Прашан дали Царината немала ниту едно барање до нив за проверка на каква било лиценца за овој правен субјект, тој повторно рече да се побара писмен одговор.

На прашањето, може ли да се заклучи дека тој лично не е запознат како вработен, тој одговори дека лично од него, тоа не било побарано од Царина. Рече дека за едно возило, не била издадена лиценца.

Одбраната најави дека ќе побара писмен одговор околу сите прашања што останаа неодговорени.

Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски. Судењето продолжува на 7 јуни.

„Беса транс“ е компанијата во чиј автобус во ноември 2021 година во несреќа, животот го изгубија 45 македонски државјани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ ТАЕН И ЗАСТРАШУВАЧКИ ЕФИКАСЕН „КОНТРАЦЕПТИВ“ Традиционалниот метод „прекини

26/09/2026
Македонија

ПРОДАВАЛЕ МРАЗ СО БАКТЕРИИ НАПРАВЕН ОД КРАДЕНА ВОДА Двајца од

26/09/2026
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45812
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ ТАЕН И ЗАСТРАШУВАЧКИ ЕФИКАСЕН „КОНТРАЦЕПТИВ“ Традиционалниот метод „прекини на време“ не е единствениот

26/09/2026

Само 14% од жените на возраст од 15 до 49 години кои се во брак или заедница во Македонија користат,

ПРОДАВАЛЕ МРАЗ СО БАКТЕРИИ НАПРАВЕН ОД КРАДЕНА ВОДА Двајца од Радовиш со години го работеле

26/09/2026

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца радовишани, кои неовластено и во нехигиенски услови произведувале мраз во кој е утврдено присуство

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy