
Најстудено во Берово, измерени -13 степени
Утрово најстудено во Берово, измерени се -13 степени.
По него следуваат и -10 Скопје-Петровец, -9 Крива Паланка, Штип, Струмица, Демир Капија, Прилеп, Битола, Велес, -8 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци, Крушево, -7 Маврови Анови, Претор, Виница, Дебар, -6 Охрид, Гевгелија, а најтопло односно -4 било во Дојран.
Во текот на ноќта времето беше ведро и тивко. Изутринава е сончево со мала локална облачност и студено. Наместа дува слаб ветер од северен правец.
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.
Во Скопје претежно сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне 5 степени.
