Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Најстудено во Берово и на Попова Шапка, измерени минус два степени
Македонија

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, измерени минус два степени

06/02/2026

AA

Минималните утрински температури низ земјава се спуштија под нулата во Берово и на Попова Шапка, каде што беа измерени -2 степени, додека во Тетово беа регистрирани -1 степен. Температури од 1 степен се измерени во Крива Паланка, Битола, Кавадарци, Струмица, Крушево и Лазарополе. Во Скопје, на мерните станици Петровец и Зајчев Рид, како и во Прилеп, Штип, Демир Капија и на Маврови Анови, утринската температура изнесуваше 2 степени, додека во Охрид, Претор, Виница и Велес беа измерени 3 степени. Најтопло утрово беше во Гевгелија со 4 степени.

Во изминатите 24 часа до 7 часот, најмногу врнежи се регистрирани во Охрид, каде наврнаа 5 литри на метар квадратен. По 2 литри на метар квадратен се измерени во Крива Паланка, Штип, Виница и на Попова Шапка, додека по 1 литар на метар квадратен се регистрирани во Гевгелија, Пожаране, Маврови Анови, Лазарополе и Пожар-Радовиш.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во утринските часови по одделни котлини се очекува појава на магла. Во текот на денот ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд, поинтензивни во западните делови, каде на места може да наврнат над 15 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 7 до 13 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла во делови од котлината, а од пладневните часови се очекуваат повремени врнежи од дожд. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 9 степени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy