
Најстудено на Попова Шапка, измерени -5 степени
Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -5 степени.
Под нулата односно -1 степен е измерено во Лазарополе, додека пак 0 степени има во Маврови Анови и Крушево.
1 степен во Берово, 2 во Прилеп, Претор, 3 во Охрид, 4 во Тетово, Крива Паланка, Битола, 5 степени во Виница, 6 во Струмица, Гевгелија,
Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, а најтопло е во Демир Капија каде се измерени 7 степени.
Најмногу дожд или 9 л/м2 се измерени во Ѓуриште, 8 л/м2 во Прилеп, 7 л/м2 во Попова Шапка, 6 во Крушево, Штип, Тополчани, Битола, 5 л/м2 во Тетово, Претор, 4 во Гевгелија, 3 во Скопје – З. Рид, Маврови Анови, Лазарополе, Виница, 2 л/м2 во Дебар, Берово, Струмица, Демир Капија, Охрид, Пожаране, Крива Паланка.
Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.
Во Скопје претпладне со краткотраен дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

