Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Најстудено денеска на Попова Шапка, измерени -1 степен
Македонија

Најстудено денеска на Попова Шапка, измерени -1 степен

27/01/2026

AA

Според податоците од УХМР, денес максималната температура се движеше од -1 до 12 степени Целзиусови. Најниска температура од -1 степен е измерена на Попова Шапка, додека највисоката од 12 степени е регистрирана на Скопје-Зајчев Рид.

Во остатокот од земјата температурите изнесуваа: 0 степени во Радовиш – Пожар, 3 во Ѓуриште, 4 во Берово, Крушево и Крива Паланка, 5 во Лазарополе, 6 во Маврови Анови и Виница, 7 во Кавадарци и Штип, 8 во Струмица, Прилеп и Демир Капија, 9 во Претор, Пожаране и Тополчани, 10 степени во Скопје-Петровец, Охрид, Тетово и Битола, како и 11 во Велес и Гевгелија.

Во изминатите девет часа наврнат воден талог е измерен во повеќе градови: 6 литри на метар квадратен во Штип, 4 во Кавадарци и Виница, 3 во Струмица, 2 во Прилеп и Радовиш – Пожар и по 1 литар во Крива Паланка, Крушево, Битола, Тополчани, Попова Шапка и Велес.

На Попова Шапка во 16 часот е измерена снежна покривка од 30 сантиметри.

Времето денес

Времето беше претежно облачно, а во источните делови имаше повремени локални врнежи од дожд во пониските места, дожд и снег на повисоките, а на планините слаб снег.

До крајот на денот

Попладне во западните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Времето утре

Претпладне ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста повторно ќе се зголеми. Најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе биде од -2 до 2 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.

Во Скопје облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура до 0, а максималната до 8 степени.

Прогноза за наредните денови

Утре кон крајот на денот и во четврток повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините слаб снег. Во петок и недела ќе преовладува претежно облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Во сабота и понеделник времето ќе биде променливо облачно.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy