Најстудено денеска на Попова Шапка, -1 степен
Денеска во земјава се регистрираа максимални температури во интервал од -1 до 8 степени Целзиусови. Најладно беше на Попова Шапка со -1 °C, додека највисоки вредности се забележаа во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Велес и Кавадарци со 8 °C. Во Битола утрово се измерија 2 l/m² врнежи, а снежната покривка достигна 25 cm на Попова Шапка, 7 cm во Маврови Анови и на Крушево.
Времето денес беше променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Претпладне во Битола имаше слаб локален дожд, додека попладне облачноста делумно се намали.
До крајот на денот се очекува малку до умерено облачно време со слаб североисточен ветер.
Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност, а утринските температури ќе се движат од -8 до 0 степени, додека дневните ќе достигнат од 0 до 6 степени. Во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност, слаб североисточен ветер и температури од -4 до 4 степени.
Во наредните денови, вторник ќе биде стабилен и сув со ниски утрински температури, додека кон среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а по котлините ќе има услови за појава на магла.
