Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Најстудено денеска на Попова Шапка
Македонија

Најстудено денеска на Попова Шапка

30/01/2026

AA

Максималната температура денеска се движеше од 1 степен на Попова Шапка, 3 во Лазарополе, 5 во Крушево, 6 во Маврови Анови и Радовиш – Пожар, 7 во Пожаране, 8 во Ѓуриште, 9 во Берово и Претор, 10 степени во Тетово, Охрид, Крива Паланка и Тополчани, 11 во Скопје-Зајчев Рид и Виница, 12 во Скопје-Петровец, Штип, Прилеп и Битола, 13 во Велес, 14 во Демир Капија и Кавадарци, додека најтопло беше во Струмица со 15 и Гевгелија со 16 степени.

Во изминатите девет часа наврнал 1 литар дожд на метар квадратен во Крива Паланка, Радовиш – Пожар и Лазарополе.

Снежната покривка на Попова Шапка изнесува 38 сантиметри.

Денеска времето е променливо облачно со повремени слаби локални врнежи од дожд.

Времето до крајот на денот

Се очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините – од дожд и снег, односно снег. Во западните делови ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во источните умерен, повремено засилен ветер претежно од северозападен правец.

Времето утре

Утре ќе биде променливо облачно со слаб повремен локален дожд, а на планините и повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималните температури ќе се движат од 0 до 6, а максималните од 7 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 10 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, кога врнежите ќе преминуваат во снег и во дел од пониските места.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy