
НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ВО СРБИЈА ИМ ПУКНА ФИЛМОТ – сакале да си одат од земјата поради лажните боледувања на работниците, Вучиќ држел итни состаноци
Претседателот Александар Вучиќ изјави дека се одржани важни средби со некои инвеститори кои сакале да ја напуштат Србија поради големиот број боледувања и посочи дека е решен еден проблем.
Странските инвеститори сакале да ја напуштат Србија поради работниците кои го злоупотребувале боледувањето.
„Знаете, нашите луѓе мислат дека кога ќе се вработат, можат да одат на боледување шест месеци. Странските инвеститори тоа не го трпат. Ние успеавме да го решиме тој проблем“, изјави Вучиќ за РТС.
Сакаме секој ден да ја туркаме земјата напред и целосно да се посветиме на развојот на земјата, рече Вучиќ.
Тој вети дека вредно ќе работи на тоа заедно со сите други.
Да потсетиме, некои податоци велат дека годишно близу 20.000 луѓе се на лажно боледување во оваа наша соседна држава. Затоа некои работодавци ангажираат приватни детективи за да проверат кои од работниците се на вистински, а кои на лажно боледување. Ваквите извештаи немаат тежина пред судот, но можат да бидат водич за работодавците.
Според официјалната статистика, од 2.500 проверки на боледување минатата година, неправилности се констатирани во 12 отсто од случаите. Според законот, општ лекар може да отвори боледување до еден месец без провизија од втор степен.
Извор: Блиц.рс
