
НА СОБИРОТ ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО НОВИ САД: Возач со полна брзина удрил во шест лица
Возач со полна брзина налетал на луѓе во Белград на собирoт за жртвите кои на 1 ноември годинава настрадаа во железничката несреќа во Нови Сад. Тој нагазил на гас и собрал шест луѓе. Возачот имал 60 години.
Повредените веднаш се пренесени во болница.
„Стоевме на пешачки премин. Од правец на Студентскиот плоштад дојде возило управувано од постар човек. Тој инсистираше еден човек да се помести за да може да сврти десно. Меѓутоа, бидејќи не можеше да помине, удри во неколку лица кои стоеја таму. Тогаш луѓето почнаа да му викаат: „Застани, каде одиш? Ги газите луѓето на пешачки премин“, изјави за Нова.рс сведокот Н.Б.
Во несреќата во Нови Сад каде се урна натстрешница на Железничка станица загинаа 15 луѓе. Меѓу загинатите е и македонскиот научник Васко Саздовски кој работел во Нови Сад.

