
НА СЛОВЕНЦИТЕ ДОБРО ИМ ОДИ: Земаат повисоки плати од лани
Растат платите и во Словенија. Просечната нето плата во Словенија во јуни изнесуваше над 1.500 евра.
Платите се повисоки за 2,6 отсто во однос на јуни 2023 година, објави СТА. Највисока просечна нето плата е забележана во секторот снабдување со електрична енергија, гас и пареа од 2.241,33 евра, а најниска во угостителството. 1.142,43 евра.
Просечната бруто плата во јуни е 2.366,79 евра, а платите се повисоки во јавниот сектор (2.701,33 евра) отколку во приватниот сектор (2.214,91 евра).
И во Хрватска платите се зголемиле во однос на лани.
Просечната нето плата во Хрватска во јуни била 1.315 евра.
foto freepik.com