
НАЈСКАПИ СЕ РЕСТОРАНИТЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Македонија е на дното на листата
Швајцарија е најскапа кога се во прашање цените во рестораните, а Македонија е поскапа од Босна и Херцеговина(БиХ).
На страницата „World of Statistics“ е објавен преглед на цените на оброците во евтините ресторани по разни земји во светот.
Податоците покажуваат дека најскап оброк има во Швајцарија со просечни 28,99 долари. На другиот крај на листата е Нигерија, каде што просечната цена на оброк во евтин ресторан чини 1,48 долари.
Меѓу најскапите држави се Данска, САД, Луксембург, Белгија, Норвешка и Велика Британија, каде што ќе треба да издвоите 18 долари и повеќе за просечен оброк во евтин ресторан.
Кога зборуваме за Македонија – таа е на дното на листата. Според објавените податоци, просечната цена на оброк во евтин ресторан во Македонија чини 5,29 долари.
БиХ е со просек од 5,01 долар, Хрватска е со просек од 10,84 долари, а Србија со 7,42 долари.
Земји со најниски просечни цени се Пакистан, Бангладеш, Непал, Индонезија, Виетнам, Алжир, Малезија, Шри Ланка, Тајланд и Боливија. Таму просечната цена на оброк во евтин ресторан е до 3 долари.
foto freepik.com
