
На сила внел 22-годишна девојка во своето возило и ја истепал – уапсен 30 годишен маж од Тетово
На 22.03.2024 во 22.40 часот на автопатот Тетово – Гостивар, на клучка за с.Жеровјане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.К.(30) од с.Теново, тетовско.
Tој се сомничи дека околу 21.10 часот во Тетово со употреба на сила ја внел А.Е.(22) од Тетово во своето возило и физички ја нападнал.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.