
На Роналдињо пак му се заканува затвор – сега правел измами со криптовалути!
Бразилските обвинители сметаат дека компанијата „18К“, која е во сопственост на Роналдињо, била дел од пирамидална измама. Неговата компанија, наводно, им ветила на клиентите дневен приход од 2-отсто врз основа на трансакции со криптовалути. Бразилецот веќе двапати ја одбил поканата да се појави пред судот, а сега полицијата упаднала во неговата куќа. При претресот го пронашле пасошот на Роналдињо и му го одзеле за да не може да ја напушти државата.
Роналдињо имаше голем проблем со законот во март 2022 година, кога беше уапсен во Парагвај поради користење лажен пасош. Тој и неговиот брат поминаа 171 ден во затвор во оваа држава и беа ослободени дури откако платиле кауција од 1,6 милиони долари.
