Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На располагање 266 милијарди евра замрзнати руски средства – што сега?
Економија

На располагање 266 милијарди евра замрзнати руски средства – што сега?

14/10/2023

AA

Европската унија се надева дека ќе ги реши сомнежите за користењето на руските средства за Украина.

На состанокот на крајот на октомври, лидерите на Европската унија ќе бараат „решителен напредок“ кога станува збор за користењето на приходите од руските средства, замрзнати со санкции, како помош за Украина, се вели во нацрт-комуникето што го видел Ројтерс пред самитот во Брисел.

Прашањето, чие решение е во застој со месеци, треба да биде разгледано на состанокот на националните лидери на блокот на самитот во Брисел на 26 и 27 октомври.

Соединетите држави и Велика Британија минатиот месец сигнализираа поддршка за планот на Европската унија за оданочување на неочекуваните профити од замрзнатите руски државни фондови, кои ќе се користат за финансирање на војната на Украина против Русија.

Министрите за финансии на земјите од Групата седум (Г7), кои се состанаа вчера во Мароко, ја проценија вредноста на тие замрзнати средства на околу 266 милијарди евра.

Како што е наведено, се очекува повеќе работа во наредните месеци со цел да се изнајдат законски правилни начини за користење на споменатите средства за помош на Украина.

Работата на 27-те земји-членки на Европската комисија по овие прашања постојано се одложува поради правни сомнежи, особено откако санкциите за приватното руско богатство беа оспорени пред судовите.

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy