Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На продажба ставени 10 отсто од акциите на централата ТЕ-ТО
Економија

На продажба ставени 10 отсто од акциите на централата ТЕ-ТО

23/02/2024

AA

Топлификација АД Скопје објави дека продава свои удели од 10,8 отсто во гасната централа ТЕ-ТО и дека ќе бидат понудени на продажба во среда и четврток. Понудата е на барање на Комерцијална банка, а вредноста на акциите се со почетна продажна вредност од 17,6 милиони евра.

– Ве известуваме дека на 28.02.2024 година (Среда) и 29.02.2024 година (Четврток), на барање на членката Комерцијална Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје) од страна на продавачот Топлификација АД Скопје-во стечај ќе се понудат за продажба два пакети акции и тоа:

На 28.02.2024 година (Среда) ќе се понудат за продажба 25 обични акции издадени од ТЕ-ТО АД Скопје што претставува 10,00% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 39.871.715,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“. 

На 29.02.2024 година (Четврток) ќе се понудат за продажба 2 обични акции издадени од ТЕ-ТО АД Скопје што претставува 0,80% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 39.871.715,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“, гласи најавата за аукција на „Македонска берза“.

ТЕ-ТО АД Скопје работи со комбинирана централа во Скопје со топлинска енергија од 160 мегавати (MW) и капацитет за производство на електрична енергија од 220 MW. Постројката е во мнозинска сопственост на кипарската Битар холдингс лимитед, која пак е во сопственост на рускиот производител на електрична енергија ТГЦ-2.

Во 2022 оствари приходи од 320 милиони евра и направи добивка од 11,5 милиони евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026
Македонија

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка

31/05/2026
Македонија

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026
Македонија

Алијанса за Албанците стана „Албанска лига“ – Села најави силна

31/05/2026
Македонија

Четири лица уапсени и еден извршен службен разговор по седум

31/05/2026
Македонија

Со тротинет удрил во пешак во Гостивар и избегал!

31/05/2026
Македонија

Филипче: Евроинтеграциите зависат само од власта, уставните измени не се

31/05/2026
Македонија

20 ученици со симптоми на стомачни тегоби: Се испитува дали

31/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43569
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, оваа недела започнува нова регионална турнеја низ Западен Балкан посветена на проширувањето на Европската

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка додека биле во автомобил!

31/05/2026

На 30.05.2026 година во СВР Скопје, 37-годишна жена пријавила дека во близина на нејзиното работно место, додека била во возило

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026

Денеска (31.05.2026) во 15:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy