
НАЈПРОДАВАНИОТ АВТОМОБИЛ НА ФОЛКСВАГЕН КОЈ Е ХИТ НА БАЛКАНОТ СТАНУВА ЕЛЕКТРИЧЕН – еве колку ќе чинат новите модели
Голфот на Фолксваген со години е најпродаваниот автомобил. Сепак, времињата се сменија, пристигнаа некои нови марки и модели, пред се електрични.
Компанијата Фолксваген од Волфсбург ја прими пораката и ќе се обиде да го оживее нивниот легендарен автомобил што го продаваше во огромен број.
Но, овој пат, одлуката падна на електричниот модел, кој треба да се базира на Scalable Systems Platform (SSP), а ќе се произведува во сосема нова фабрика во Волфсбург.
Овој електричен автомобил би требало да припаѓа на таканаречената SUV класа на А-сегментот. Се шпекулира дека се работи за малку поинаква верзија на VW ID.1 која исто така е во план, а која е позиционирана под моделот VW ID.2all, кој всушност е електрична верзија на моделот Polo и кој треба да има цена под 25.000 евра, додека VW ID.1 би требало да има цена од околу 20.000 евра.
Каде треба да се вклопи во сето ова новиот електричен Golf? Не сме сигурни. Можеби некаде помеѓу.
(Извор: biznisinfo.ba/Manager)
Фото: EPA