Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НА ПОПОВА ШАПКА 39 САНТИМЕТРИ СНЕГ Се очекува снежните врнежи на планините да продолжат
Македонија

НА ПОПОВА ШАПКА 39 САНТИМЕТРИ СНЕГ Се очекува снежните врнежи на планините да продолжат

30/01/2026

AA

Во изминатите 24 часа најмногу снег е измерен на Попова Шапка, каде висината на снежната покривка достигна 39 сантиметри, а воедно таму е регистрирана и најниската температура од -3 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Според податоците на УХМР, минималните утрински температури на повеќе места низ земјава се движеа околу нулата и под неа. Во Лазарополе, Маврови Анови и Крушево беа измерени 0 степени, додека 2 степени се регистрирани во Радовиш – Пожар и Пожаране. Во Претор, Охрид, Крива Паланка, Ѓуриште и Тополчани минималната температура изнесуваше 3 степени, а во Тетово, Прилеп и Берово 4 степени. Во Битола и Виница се измерени 5 степени, додека во Скопје, Кавадарци, Струмица и Штип 6 степени. Највисоки утрински температури се регистрирани во Гевгелија со 9 степени.

Најмногу врнежи во изминатото деноноќие се измерени во Демир Капија со 14 литри на метар квадратен, по што следуваат Струмица со 13, Охрид со 12 и Берово со 11 литри на метар квадратен. Значителни количини воден талог се регистрирани и во Скопје, Крушево, Претор, Пожаране, Маврови Анови, Штип, Кавадарци и Прилеп.

Според најавите, во наредниот период се очекуваат променливи временски услови со повремени врнежи, а на повисоките места и планините ќе продолжат снежните врнежи.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: За минималната плата мора да се постапува исклучиво според

30/01/2026
Македонија

УСПЕХ НА МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО БРИСЕЛ Затворање на пост-мониторинг дијалогот

30/01/2026
Македонија

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија

30/01/2026
Македонија

Од дожд до пролетни 18 степени: Еве каков временски пресврт

30/01/2026
Македонија

ПЦОВИСА НИЛСКИОТ КОЊ ВО БИТОЛСКАТА ЗООЛОШКА Берта имаше 40 години

30/01/2026
Македонија

Миноски: Кога лојалноста е поважна од знаењето, институциите пропаѓаат

30/01/2026
Македонија

Струмичанец „олеснал“ ловечко друштво на кое бил претседател за речиси

30/01/2026
Македонија

НА ПОПОВА ШАПКА 39 САНТИМЕТРИ СНЕГ Се очекува снежните врнежи

30/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40804
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: За минималната плата мора да се постапува исклучиво според законските одредби

30/01/2026

Владата останува на ставот дека ќе го поддржи и примени секој договор за зголемување на платите што ќе произлезе од

УСПЕХ НА МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО БРИСЕЛ Затворање на пост-мониторинг дијалогот е сериозно признание за напредокот

30/01/2026

Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата земја, процес што беше

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија

30/01/2026

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, заменик шеф

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy