
На „покерот“ дома, Олимпијакос одговори со шест гола во мрежата на Макаби
Во четвртфиналето оди грчкиот тим кој вечерва како гостин (во Бачка Топола) славеше со 6-1 по продолженија откако на првиот натпревар на домашен терен загуби со 1-4. По 90 минути игра и вечерва беше 1-4, а Олимпијакос уште во првото полувреме ја анулира негативата од првиот меч.
Со головите на Поденс, Фортунис и Ел Каби, тимот од Пиреја поведе со 3-0, во вториот дел намали Захави, а Ел Каби со својот втор гол го однесе натпреварот во продолженија. Во нив прво погоди Јоветиќ, а потоа и Ел Араби за конечни 6-1.
Пласман во следната фаза од Конференциската лига вечерва остварија уште Астон Вила, Бриж и Лил.
РЕЗУЛТАТИ
Астон Вила – Ајакс 4-0 (прв меч 0-0)
Бриж – Молде 3-0 (1-2)
Лил – Штурм 1-1 (3-0)
Макаби – Олимпијакос 1-6 (4-1)