
На плоштад оставена кутија – граѓаните можат да им напишат пораки на семејствата од Кочани
На протестот во Скопје по повод шест месеци од страшната несреќа во Кочани, граѓаните имаат можност да остават пораки за поддршка до семејствата на загинатите.
Сите пораки, напишани со многу емоции и солидарност, ќе бидат собрани и однесени директно до нив.
Ова е гест на сочувство и надеж дека не се сами во нивната борба за правда.
