НАЈНИСКА ОД ЈУЛИ 2023 ГОДИНА: Се намали инфлацијата во Турција
Инфлацијата во Турција пак се намали. Годишната стапка во октомври падна под 49 отсто.
Таа изнесуваше 49,38 отсто во септември на 48,58 отсто, информираше денеска Турскиот статистички институт (Туркстат). Ова е петто последователно намалување на годишната инфлација во Турција, која сега е најниска од јули 2023 година.
Цените на домувањето, водата, струјата, гасот и другите горива се зголемени за 89,39 отсто, транспортот за 26,14 отсто, мебелот, покуќнината, рутинското одржување на куќите за 39,22 отсто, но во сите наведени категории меѓугодишниот раст на цените беше побавен отколку во септември.
За разлика од нив, цените на храната и безалкохолните пијалоци во Турција во октомври се зголемиле за 45,28 отсто, со побрзо темпо во однос на септемвриските 43,72 отсто.
Претходно, Турција имаше највисока инфлација во Европа. Таа надминуваше 80 отсто. И валутата, лирата имаше осцилации.
foto freepik.com