
НАЈМНОГУ ПОСКАПЕЛО ОБРАЗОВАНИЕТО: Која е земјата со инфлација од над 35 отсто?
Инфлацијата во Турција e над 35 отсто, a најмногу поскапело образованието.
Годишната инфлација во мај изнесувала 35,41 отсто, соопшти турската државна телевизија ТРТ Хабер, повикувајќи се на податоци од Државниот завод за статистика. Тоа e мало намалување во однос на април, кога инфлацијата беше 37,86 проценти.
На месечно ниво, инфлацијата во мај е 1,53 проценти. Од декември 2024 година до мај, цените на потрошувачките производи се зголемиле за 15,09 проценти.
Најголем годишен раст е забележан кај цените во образованието – 71,67 отсто, следено од трошоците за домување – 67,43 отсто. Цените на храната и безалкохолните пијалаци се зголемиле за 32,87 проценти.
Најмало зголемување има кај облеката и обувките – 14,12 отсто, комуникациите – 19,25 отсто и транспортот – 24,59 отсто.
Во мај, во споредба со април, храната и безалкохолните пијалаци поевтиниле за 0,71 отсто, додека трошоците за транспорт поскапеле за 2,66 отсто, а оние за домување за 2,99 отсто.
Во март инфлацијата во Турција изнесуваше 38.10 отсто.
Претходните години, инфлацијата во Турција изнесуваше и 88 отсто.
foto freepik.com