
Најмногу дожд во Крушево, измерени 26 l/m2
Најмногу дожд во изминатово деноноќие имало во Крушево, велат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според нив, наврнат воден талог во изминативе 24 часа има во: 26 l/m2 Крушево, 23 l/m2 Маврови Анови, 14 l/m2 Скопје-Петровец, 13 l/m2 Охрид, Битола, 11 на Попова Шапка, 8 во Крива Паланка, Претор, Тополчани, 7 во Лазарополе, 3 Берово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Прилеп, Пожаране, 1 Тетово, Демир Капија.
Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.

