
Најмногу дожд во Дојран – во текот на денот ќе има и грмотевици
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
1 Берово, 3 Охрид, Претор, 4 Крушево, 5 Скопје-Петровец, Битола, Струмица, Крива Паланка, 6 Прилеп, 7 Куманово, Штип, Демир Капија, Виница, Гевгелија, 8 Дојран.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 8 часот (во l/m2)
15 Дојран, 9 Тетово, 6 Скопје-Петровец, Берово, Крива Паланка, Претор, 5 Прилеп, 4 Куманово, Струмица, Охрид, 3 Пожаране, 2 Штип, 1 Демир Капија.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта и утрово времето беше променливо облачно и претежно тивко со слаб локален дожд. Само во повисоките места дуваше слаб ветер од променлив правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на места врнежите краткотрајно ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
