
НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор
Српската полиција постави шатор на местото каде исчезна девојчето Данка Илиќ од Бор.
Девојчето на возраст од 2 години исчезна вчера попладне во Бањско поле кај Бор. Инаку, досегашните резултати укажуваа на нов правец во кој треба да оди истрагата.
Откако полицијата утврди дека исчезнатото девојче не е пронајдено на 10-те квадратни километри кои што се пребаруваа во текот на вчерашниот и денешниот ден во местото Бањско Поље кај Бор, потрагата по девојчето ќе продолжи на оперативна основа.
Пребарувањето на теренот е прекинато, но работата за пронаоѓање на девојчето е интензивирана и нема да биде запрена додека не се најде детето, објави Телеграф.