
Најмалку едно лице загина во страшна експлозија во Смедерево
Силна експлозија се случи во Смедерево каде има настрадани, објавуваат српските медиуми.
Најмалку едно лице загина во страшна експлозија во зграда во центарот на Смедерево.
Како што објави Телеграф.рс, експлозијата се случила во стан на 4 кат од зграда на плоштад во Смедерево. Скршено стакло е расфрлано низ целиот плоштад, а според неофицијални информации биле пронајдени и делови од тело. На терен се голем број полициски и медицински екипи. Целиот дел од градот е блокиран.
