
Најмалку 29 лица загинаа, а 50 се повредени во поплави и свлечишта во Пакистан
Најмалку 29 лица загинаа, а 50 се повредени откако обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, што доведе до уривање на неколку куќи, главно во северозападен Пакистан, соопштија денеска пакистанските власти.
Најмалку 23 лица загинаа во поплавите и свлечиштата од четвртокот вечерта во пакистанската провинција Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан, соопшти регионалната управа за вонредни состојби, пренесе АП.
Најмалку пет лица загинаа во југозападната провинција Балучистан откако беше поплавен крајбрежниот град Гвадар, каде што беа користени чамци за евакуација на луѓето.
фото/архива
