Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На корумпираните и обвинети функционери ќе им платиме и отштета, оти им застаруваат делата
Македонија

На корумпираните и обвинети функционери ќе им платиме и отштета, оти им застаруваат делата

20/09/2023

AA

Обвинетите функционери за кои настапува застареност на кривичното гонење може да побараат и Надомест за притворот кој со запирањето на истрагата би бил неоснован. Исто така, ним треба да им бидат исплатени судските трошоци за водењето на постапките. Ова го овозможуваат измените на Кривичниот закони што стапија во сила на 15 септември, со кои се намалени казните и роковите за застарување на кривични дела за функционерите, се вели во анализата на „Призма“-БИРН, пишува СДК.мк

Во анализата, од јавното обвинителство велат дека на проширен колегиум најверојатно следната недела ќе ги разгледуваат прашањата за промените на Кривичниот законик, но дека секој јавен обвинител ќе се води според индивидуалните предмети што ги застапува пред судот. Тоа значи дека таму каде што ќе биде можно, би се одело со преквалификација на делото, а онаму каде што не може, судот ќе донесе одбивателни пресуди. Вчера на пример, беше одложено судењето за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, бидејќи oбвинителот побара време да проучи како ќе влијаат измените врз овој предмет.

Иако во експресно усвоените измени во Кривичниот законик пишува дека донесувањето на Законот нема дополнителни фискални импликации врз Буџетот, застарувањето на случаите ќе се плаќа токму со државни пари.

Ако сите обвинети побараат надомест за судски трошоци, вклучително и Никола Груевски за кого многу порано застаре делото примање награда за противзаконско влијание, судот нема друга опција освен да им ги досуди.

Кога ќе се донесе пресуда со која обвинет се ослободува од обвинението или пресуда со која се одбива обвинението, трошоците за кривичната постапка, трошоците што за постапката ги направил обвинетиот, како и наградата за неговиот адвокат, се на товар на државниот буџет.Така беше во случајот „Тенковски делови“, кој се влечеше по судовите повеќе од 12 години. Според анализата на „Призма“, вкупно за овој предмет судот определил од државниот буџет на петтемина обвинети да им се платат околу 40 илјади евра. Дел од трошоците се пресметани по старата адвокатска тарифа, која беше поевтина. Овие трошоци се за секое доаѓање на рочиште, потоа за состав на разни приговори, жалби, молби и слично.

Во толкав износ беше помошта што Јапонија во 2021 година ја издвои за медицинска опрема во итната помош.

Во некои од случаите, каде што обвинетите, покрај за злоупотреба на службената положба и овластување, се гонат и за други кривични дела, како на пример во „Титаник“, каде што криминалитетот е за повреда на избирачките права, тоа нема веднаш да се рефлектира со апсолутна застареност, туку со помали казни. Но, во други случаи, каде што злоупотребата на службената положба и овластување е единственото дело за кое се гонат обвинетите, ќе треба што поскоро да се констатира застареност, за да не се „билдаат“ судски трошоци за водење на кривичната постапка.

Законските измени им одат во прилог и на другите судски случаи, како „Продуцент“. Таму новинарката Ивона Талевска и поранешниот пратеник и министер Љупчо Димовски се обвинети за противзаконска исплата на пари за емитување програма на Сител. Делото, според изгласаните измени, целосно застарело во 2020 година. При донесување одбивателна пресуда, и тие ќе може да побараат државата да им ги исплати направените судски трошоци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy