Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На Клиниката за онкологија отворал шкаф по шкаф – уапсен 17-годишник
Магазин

На Клиниката за онкологија отворал шкаф по шкаф – уапсен 17-годишник

11/04/2025

AA

На Клиниката за онкологија во Скопје,  за неколку дена биле обиени повеќе од 18 шкафови, кои ги користеле вработените, а од нив биле одземани пари и други вредни предмети.

Инцидентот Клиниката го пријавила една недела подоцна

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека во последните денови имале повеќе пријави од Клиниката за радиологија и онкологија во Скопје.

Според официјалните информации, првиот случај се случил на 2 април, кога непознат сторител насилно отворил шкафови во соба наменета за персонал. Иако не било одземено ништо, било извршено претурање, по што лицето го напуштило местото.

Вториот инцидент, се случил на 8 април точно на полноќ, кога биле обиени дури 18 заклучени шкафови, а од нив биле украдени пари и други вредни предмети.

„На 08.04.2025 во 00.00 часот од Клиниката за онкологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода 17-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение дека насилно отворил 18 шкафови на персоналот кои претходно биле заклучени, при што одзел пари и други предмети. Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител и бранител, а со потврда од него биле одземени предметите. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.

Полицијата реагирала веднаш и на самото место привела 17-годишник од Скопје, за кој постои сомнение дека го извршил делото. Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител и адвокат, а биле пронајдени и одземени предметите за кои се сомнева дека се украдени. По целосно документирање, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИСХОДОТ ОД ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА НЕМА ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ ВЛАДИНАТА

03/11/2026
Македонија

ЗА ПАРИ ИМ МЕНУВАЛ ОЦЕНКИ НА СТУДЕНТИ ОД ТУРЦИЈА Претреси

03/11/2026
Македонија

ДОЖДОТ ЌЕ ИСТУРИ И ДО 25 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН МЕТАР

02/11/2026
Македонија

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 20.000 ДЕНАРИ ОД АЛТА

02/11/2026
Македонија

СКАНДАЛ НА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА Богојески го релативизираше семејното насилство и

02/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ШИРИ ПАНИКА КАКО ВО ВРЕМЕТО НА КИРЕ НАУМОВ Писмата

02/11/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ НАЈАВИ ПЛАН ЗА КВАЛИТЕТ ВО ЗДРАВСТВОТО Институциите ќе добијат

02/11/2026
Македонија

ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПРАТЕНИК И МИНИСТЕР САМКА ИБРАИМОВСКИ Децениска кариера посветена

02/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46526
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИСХОДОТ ОД ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА НЕМА ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА Митева оцени дека ВЛЕН

03/11/2026

Исходот од изборите нема да влијае врз функционирањето на владината коалиција, која останува заснована на заедничка владина програма. ВЛЕН ја

ЗА ПАРИ ИМ МЕНУВАЛ ОЦЕНКИ НА СТУДЕНТИ ОД ТУРЦИЈА Претреси на Универзитетот во Штип, пронајдена

03/11/2026

Полициски службеници вршат претреси на повеќе локации во Штип и во Скопје поради сомнежи за долготрајни манипулации со студентски оценки,

ДОЖДОТ ЌЕ ИСТУРИ И ДО 25 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН МЕТАР Од петок разведрување, за викендот

02/11/2026

Времето во вторник, 3 ноември, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Кон крајот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy