
На Клиниката за дигестивна хирургија пуштена во употреба современа медицинска апаратура во вредност од милион евра
Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, денеска ја посетија министерот за здравство, д-р Арбен Таравари и заменикот министер за здравство, Јовица Андовски по повод пуштање во употреба нова медицинска и немедицинска опрема во хируршките сали, како и на одделот за полуинтензивна нега на оваа клиника. На настанот присуствуваше и претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски. […]
