Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На исток граничиме со Албанија, на запад со Бугарија – децата учат од учебници полни со грешки
Македонија

На исток граничиме со Албанија, на запад со Бугарија – децата учат од учебници полни со грешки

24/10/2023

AA

Покрај тоа што доцнат секоја година, учебниците за основно образование се полни со кардинални грешки иако во процесот на издавање се вклучени експерти, рецензенти и лектори, а процесот го надгледува Национална комисија за учебници.

„Северниот ветер и вљубениот сонцобран“ е насловот на една расказ на авторката Елизабета Баковска во учебникот по македонски јазик за четврто одделение. „Сонцобранот“ како нов збор предизвика реакции кај родителите на социјалните мрежи, посебно во групите каде што се коментираат образовните процеси и наставните програми.

„Зошто ги обременуваат децата со нови зборови. Можело едноставно да се напише чадор или ако се пишува сложен збор, треба да биде сонцебран или сонцештит“, напиша мајка на Фејсбук.

Ова е само една од низата грешки кои родителите и наставниците ги наоѓаа и во претходните учебници наменети за учениците во основните одделенија. Учебниците се полни со неточни податоци, лоши дефиниции, погрешен превод, грешки во математичките задачи, несоодветни лекции за возраста на децата, терминологија која е нејасна и непозната за учениците, како и со јазични недоследности.

Ниту „Букварот“ кој е основно четиво за децата не е направен без грешки. Во книгата издадена во 2022 година на страница за вежби, за дополнување на буквите кои треба да го направат зборот целосен се бара (не)точен одговор од првоодделенците.

Гај Јулиј Цезар уште пред деценија и половина е прекрстен во Кајсар. Во прва година средно и ден-денес учат од овој учебник по историја испечатен во 2009 година.

Во учебникот за второ одделение по македонски јазик Насредин-оџа е два пати различно напишан во еден ист расказ – еднаш како „Насрадин-оџа“ и веднаш подолу како „Настрадин-оџа“.

Печатна грешка има и во учебникот „Природни науки“ за петто каде Саргасовото Море е напишано како „Саргаско Море“.

Сепак, најголеми реакции кај родителите предизвика ланскиот учебник по „Историја и општество“ за петто одделение во кој учениците учеа дека „на исток нашата земја се граничи со Република Албанија, а на запад со Република Бугарија“.

Во истиот учебник за петто одделение имаше податок дека највисоката точка на Земјата, Монт Еверест е на 29.031 метар надморска височина! Односно, според овој учебник највисокиот врв на светот кој се наоѓа на Хималаите е повисок за речиси 20.000 метри, бидејќи неговата висина е 8.849 метри.

Грешката најверојатно настанала заради погрешен превод, односно претпоставка е дека висината на врвот во оригиналната верзија била пресметана во стапки. При преводот наместо стапки, се ставеи метри (мерна единица која ја користат сите земји освен САД, Велика Британија и Канада). Монт Еверест е висок 29.031 стапки, а не метри, но кога стапките се претвораат во метри, се добива 8.849 метри.
За разлика од мерката за висина која е погрешен превод, грешката со нашите соседи е лапсус кој не бил забележан ниту од авторите ниту од рецензентите.

Поради овие сериозни грешки, учебникот по Историја и општество за петто одделение е повлечен од употреба поради грешки во содржината. Министерството за образование и наука објави повик за формирање авторски тим за изработка на нов учебник, а побара од Националната комисија за учебници, како највисоко тело во процесот на одобрување на учебници, информации за постапката за одобрување на конкретниот учебник во кој, како што наведе МОН, „констатирани се низа грешки и нелогичности кои не смееја да се дозволат“.

Новиот учебник се уште не го добиле учениците од петто одделение и тие се принудени да користат дигитални прирачници во кои се обработуваат само неколку поглавја во првото тромесечје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy