Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На институциите не им се брза со решението за отпадните води во Битола, допрва се оценуваат понудите за канализацијата
Македонија

На институциите не им се брза со решението за отпадните води во Битола, допрва се оценуваат понудите за канализацијата

07/10/2025

AA

Проектот кој датира повеќе од една деценија и денес фигурира како ветување кај дел од кандидатите за носители на локалната власт во Битола. Градот се уште не може да се пофали со големи подвизи во справувањето и третманот со отпадните води, кои во моментов целосно се испуштаат во реката Драгор, што ја прави високо загадена. Решението се гледа во проектот за изградба на пречистителна станица, колекторски систем и канализациона мрежа, кои во најголем дел ќе се градат со пари од европските фондови. Но, неизвесно е дали овој проект претставува приоритет со оглед на досегашните искуства. 

Додека Македонија има слаби оценки од Брисел во однос на третманот со отпадните води еден ваков проект чека со години за да биде реализиран.  Едниот дел од проектот ја опфаќа изградбата на пречистителната станица, а другиот дел од проектот е посветен на колекторскиот систем и канализационата мрежа, но тие се соочија со неуспешни јавни повици во минатото. Надеж дека има напредок се појави летово по информацијата дека е потпишан договор со конзорциум за изградба на пречистителната станица. Сепак, она што недостасува е договорот за изградба на колекторскиот систем и канализационата мрежа преку која отпадните води ќе стигнат до пречистителната станица. Од друга страна, за целосно да биде функционален проектот за третман на отпадните води, во документите на надлежните институции се посочува двата дела од проектот да се градат паралелно.

Зошто проектот е чекор назад иако се очекуваше веќе да биде потпишан договорот и колекторскиот систем и канализационата мрежа да се градат? Во услови кога беше прекината, па повторно објавена тендерската постапка, во одговор на новинарски прашања поврзани со колекторскиот систем и канализационата мрежа од Општина Битола ја префрлија топката до Министерството за животна средина и просторно планирање. 

„Согласно предвидената динамика и договорот за изградба на Пречистителната станица и колекторскиот систем, како и договорот за надзор, изградбата треба да заврши во август 2027 година, по што следува период на поправка на евентуални недостатоци и дефекти во времетраење од една година. Јавната набавка за колекторски систем не е завршена, а за детали околу постапката, информациите ги има Министерството за животна средина“, се вели во одговорот на битолските власти.

Но, веројатно на надлежните не им се брза. Од Министерството за животна средина тврдат дека не постои ризик средства од фондовите на ЕУ да останат неискористени и да бидат повлечени назад ако проектот наскоро не започне да се реализира. И покрај фактот дека овој проект се одолговлекува со години и е со повторени јавни набавки, во Министерството се уште ги оценуваат понудите. За овој проект одамна беше завршена тендерската постапка и се очекуваше само потпис на договорот, за да започне и изградбата.

„Проектот за изградба на канализационата мрежа во Битола (ЛОТ 2) во моментов е во фаза на евалуација на понудите. Се очекува постапката да заврши до 31.10. 2025. Доколку е успешна тендерската постапка, следи потпишување на Договор и отпочнување на работите. Претходната тендерска постапка не беше успешна. Истата е повторена и во моментов евалуацијата е во тек“, се истакнува во одговорот на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во меѓувреме, битолчани, кои будно го следат процесот на реализација на проектот, ќе го очекуваат исходот од тендерската постапка на 31 октомври во надеж дека конечно ќе отпочне решавање на деценискиот проблем.

Екологистите од регионот ќе останат со отворени очи додека траат неизвесностите во врска со проектот за изградба на колекторски систем, канализација и пречистителна станица крај Битола, зашто реката Драгор и натаму ќе служи како депонија за отпадните води. Во оваа река со години се испуштаат фекалиите и индустриските отпадни води од Битола и околните места. Македонија дополнително се очекува да побара и „транзициски период“ од страна на Европската Унија за усогласување со европските практики за управување со отпадните води. Темпото на достигнување на европските стандарди во оваа област е далеку од задоволително, што може да покрене зголемен интерес и кaj партнерите од Брисел кои издвојуват средства за третман на отпадните води во Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy