Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАЈГОЛЕМИОТ КИНЕСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ ДОАЃА ВО ЕВРОПА – сакаат да ги прават истите возила кои од нив создадоа гигант
Економија

НАЈГОЛЕМИОТ КИНЕСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ ДОАЃА ВО ЕВРОПА – сакаат да ги прават истите возила кои од нив создадоа гигант

11/07/2023

AA

Најголемиот производител на автомобили од Кина, концернот SAIC Motor, планира да изгради фабрика на територијата на Европа. Таму би се произведувале само електрични автомобили. Кинескиот мегаконцерн во своето портфолио ја има старата англиска марка MG, но производството на автомобили од таа марка во Британија беше прекинато во 2016 година, по што споменатата марка се пресели во земјата на новиот сопственик.

Кинескиот производител тврди дека во претходниот дванаесетмесечен период кој завршува на 31 декември, на Европејците им испорачал повеќе од сто илјади возила на четири тркала. Портпаролот на кинескиот производител на автомобили изјави за новинарите на Би-Би-Си дека се уште ги разгледуваат поситните детали околу спроведувањето на планот кој предвидува изградба на фабрика на нашиот континент.

Се уште не се знае каде ќе биде сместена фабриката, ниту пак кога треба да почне производството според плановите. Сепак, нема сомнеж дека ќе склопува производи кои се синоним за големиот успех на концернот на континентот, а тоа се електричните автомобили.

Минатата година продале 5,3 милиони автомобили

SAIC Motor објави информација дека минатата година продал 5,3 милиони автомобили. Концернот негува неколку компании – заеднички вложувања со странски компании, па така функционираат во партнерство со германскиот Volkswagen, но и со американскиот производител на возила General Motors.

Освен во татковината, SAIC Motor работи со фабрики и во други земји во Азија. Така, комплексите на таа компанија се изградени во Индија, Пакистан, Тајланд, а исто така и во Индонезија.

(autorepublika.com)

Фото: ЕПА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy