
НАЈГОЛЕМ ПАД НА АКЦИИТЕ ВО ТРИ ГОДИНИ, ВРЕДНОСТА НАМАЛЕНА ЗА ТРИ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ – Кање Вест скапо го чинеше „Адидас“
Акциите на Адидас потонаа за повеќе од 10 отсто во петокот (најголем пад во речиси три години), при што пазарната вредност на компанијата падна за 3 милијарди долари.
Компанијата по трет пат во последните четири месеци ја намали проценката на добивката за оваа година.
Во најдобар случај „Адидас“ ќе работи со позитивна нула, но во најлош случај би можел да има оперативна загуба и до 700 милиони евра. Годишните приходи би можеле да се намалат за девет отсто, односно за две милијарди евра. Сето тоа, секако, поради раскинувањето на договорот со контроверзниот рапер Канје Вест, со кој „Адидас“ ја дизајнираше колекцијата „Јизи“.
Извршниот директор на „Адидас“ Бјорн Гулден денеска предупреди дека дебаклот со моделот на „yeezy“ патики може да ја доведе компанијата до загуба од 700 милиони евра.
Како што пренесува „Блумберг“, Гулден изјавил дека „Адидас“, на чие чело дојде овој Норвежанец во јануари, е на пат да биде во загуба за прв пат по повеќе од 30 години.
(Извор: SEEbiz)

