
Најголем недостиг на работници во Германија во последните 10 години: Градежната индустрија е најпогодена
Речиси половина од работните места за квалификувани работници во германските компании останале слободни во текот на минатата година, покажуваат податоците на германската служба за вработување. Потребата од квалификувани работници во оваа земја е најголема во последните десет години.
Работните места за квалификувани работници во 45 отсто од сите компании останаа слободни. Овој процент кај малите компании е 62 отсто, додека кај големите 24 отсто.
Најголем недостиг од квалификувани работници има во градежната индустрија, каде што не беа пополнети речиси две третини од работните места. Токму во градежната индустрија има голема побарувачка за квалификувани работници.
Бројни работни места останаа слободни и во секторот угостителство и сместување. Јавната администрација има најмалку слободни работни места за квалификувани работници.
Пред десет години, 28 отсто од работните места за квалификувани работници беа слободни во Германија, пишува порталот tagesschau.
