
На екс премиерот Никола му е именден: „Посакувам здравје и среќа на секој од Вас во чии мисли бев денес барем за миг“
На екс премиерот Никола Груевски денеска му е именден.
Тој вели дека примил огромен број честитки по повод празникот Св. Никола, на сите апликации и социјални мрежи.
„Примив огромен број честитки по повод празникот Св. Никола како мој именден, на сите апликации и социјални мрежи и бидејќи физички е невозможно денес да успеам на сите поединечно да одговорам ја праќам оваа порака како возвратна.
Чувствувам дека најголем дел од нив се искрени, напишани со љубов и од срце и би сакал да се заблагодарам за вниманието и добрите желби на секој еден кој ми честиташе именден, дури и на оние чии желби ми личат тешко остварливи🙂
Посакаувам здравје и среќа на секој од Вас во чии мисли бев денес барем за миг, и кој ми испративте преку вашата порака дел од себе, и се потсетувам дека на некој начин животот ни го враќа само она што им го даваме на другите а секоја мисла има одредена моќ и како што рече големиот Никола Тесла: “моќта на една мисла може да го одреди движењето на универзумот!
За многу години Св. Никола!“, напиша Груевски.
