Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НА ЕДНОТО ДЕТЕ МУ ГО СКРШИЛЕ НОСОТ, А ДРУГОТО ИМА РАНА НА ГЛАВАТА За тепачката во Сарај ќе се отвори постапка против 5 деца
Македонија

НА ЕДНОТО ДЕТЕ МУ ГО СКРШИЛЕ НОСОТ, А ДРУГОТО ИМА РАНА НА ГЛАВАТА За тепачката во Сарај ќе се отвори постапка против 5 деца

14/12/2025

AA

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за вкупно пет деца во судир со законот, бидејќи презеле дејствија кои се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик.

Станува збор за малолетници, на возраст од 14 и 15 години, заедно со уште едно дете кое не наполнило 14 години и не може кривично да одговара, кои во група извршиле грубо насилство врз двајца други 14-годишници.

Настанот, како што се наведува во соопштението од Јавното обвинителство, се случил на 12 декември во дворот на ОУ „Дитурије“ во Сарај. Двете деца – жртви на насилството тргнале да си одат дома кога на излезот од училишниот двор ги пресретнале напаѓачите. Започнале да ги удираат со тупаници и со клоци по главата и по телото. Едното оштетено дете се здобило со површинска рана на главата, додека на другото дете му нанеле тешки телесни повреди – контузија на главата, скршеница на носот и хематоми по целото тело.

Со насилството сторителите предизвикале чувство на несигурност и страв и кај други деца кои во тој момент излегувале од училиштето.

Имајќи ја предвид возраста на децата во судир со законот, но и потребата да се обезбеди непречено водење на постапката, јавниот обвинител на судијата му предложил да определи мерки на претпазливост – јавување во суд, одземање на патната исправа и забрана за приближување и остварување какви било контакти со оштетените деца.

📽 ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД САРАЈ Ученици во жестока пресметка, другите стојат и снимаат и никој не реагира

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy