
НАЈДОЛГА РАБОТНА НЕДЕЛА ИМА ВО ГРЦИЈА: Хрватите работат повеќе од Германците и Австријците
Грците имаат најмногу работни часови неделно во Европската Унија(ЕУ). Според Евростат, најдолга работна недела има во Грција (39,8 часа), Романија (39,5), Полска (39,3) и Бугарија (39,0). Спротивно на тоа, Холандија имала најкратка работна недела (32,2 часа), по што следат Австрија (33,6) и Германија (34), според Евростат.
Хрватите работат повеќе од Германците и Австријците. Хрватите поминуваат 38,1 час неделно на работа, колку и Словенците. Србите работат повеќе, односно дури 41,7 работни часа неделно.
Според податоците, Хрватите работат 12 отсто повеќе од Германците и Норвежаните, 13 отсто повеќе од Австријците и дури 18 отсто повеќе од Холанѓаните, објави даница.хр.
Според Евростат, лани луѓето на возраст од 20 до 64 години поминале во просек по 36,1 часа на работа во ЕУ.
Foto: PODRAVKA