
Најдобриот играч на Ц. Звезда во ЛШ ќе се качи во авионот за Лајпциг
Репрезентативецот на Гана беше повреден и не настапи на последниот натпревар од српското првенство, со Јавор. Меѓутоа пред два дена се вратил на тренинзи и почнал да го зоглемува интензитетот на напор и се покажал како способен, барем да влезе во поширока комбинација.
Дали ќе има сили за стартер, веројатно ќе покаже тренингот на „Ред бул арена“ утревечер од 19 часот. Букари го постигна единствениот гол кај Манчестер сити и учествуваше во двата против Јанг бојс, во Белград, како стрелец и како асистент.
Се очекува Кореецот Хванг да биде стартер, како и фудбалерите од младинскиот погон, Недељковиќ и Мијатовиќ, кој беше херој на триумфот со 3-2 над Јавор. Ц. Звезда Лајпциг играат в среда од 20.45.