Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАЈДОА НАЧИН КАКО ДА ГИ ЗАОБИКОЛУВААТ САНКЦИИТЕ: Русите користат криптовалути во трговијата со Кина и Индија
Економија

НАЈДОА НАЧИН КАКО ДА ГИ ЗАОБИКОЛУВААТ САНКЦИИТЕ: Русите користат криптовалути во трговијата со Кина и Индија

15/03/2025

AA

Русија користи криптовалути во трговијата со нафта со Кина и
Индија за да ги заобиколи западните санкции, наведуваат четири извори со директно познавање на практиката,
пренесува Ројтерс. Иако јавно ја охрабри употребата на криптовалути и минатото
лето донесе закон со кој се дозволува плаќање во дигитални валути во
меѓународната трговија, нивната употреба во трговијата со нафта досега не е
позната.

Некои руски нафтени компании користат биткоин, етер и
стабилни коини како Тетер за да ја олеснат конверзијата на кинески јуани и
индиски рупии во руски рубљи, велат изворите. Тие додадоа дека ова сè уште
сочинува мал, но растечки дел од вкупната руска трговија со нафта, која
минатата година беше вредна 192 милијарди долари според Меѓународната агенција
за енергија.

Криптовалутите веќе им помогнаа на земјите под американски
санкции, како Иран и Венецуела, да ги одржат своите економии и да избегнат
користење на доларот, кој е доминантна валута во глобалната трговија со нафта.

Русија се сврте кон овој метод откако Венецуела ја забрза
употребата на дигитални валути за извоз на сурова нафта и гориво откако
Вашингтон повторно ги воведе санкциите.

Русија има воспоставено различни системи за плаќање, а USDT
(Tether) е само еден од нив, вели
изворот на Ројтерс, кој е истражувач во фирма што ја следи употребата на криптовалути за
избегнување санкции. Еден извор верува дека Русија ќе продолжи да користи
криптовалути во трговијата со нафта дури и ако се укинат санкциите и доларот
стане повторно достапен.

„Тоа е практична алатка и овозможува побрз бизнис“, додаде
тој. Аналитичарите велат дека традиционалните валути сè уште го сочинуваат
најголемиот дел од трансакциите на руската нафта, при што се користат и други
методи, како што се плаќањата во дирхами на ОАЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy