Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На денот на осигурувањето 14 студенти математичари од ПМФ добија стипендии од осигурителните компании
Економија

На денот на осигурувањето 14 студенти математичари од ПМФ добија стипендии од осигурителните компании

01/11/2023

AA

Дополнително, регулаторот на осигурителниот пазар АСО на националниот ден на осигурувањето додели награда на млад истражувач за најдобар научен труд од областа на управување со ризици и осигурување, во вредност од 80.000 денари. Во рамки на настанот се одржаа и панел дискусија со работен наслов „Како растот на осигурувањето да го трансформираме во развој“. Во таа прилика претставници на осигурителната индустрија, АСО, Министерството за финансии и на Стопанската комора дебатира за новиот закон за осигурување, а разменија мислења за  процесот на либерализација на автомобилското осигурување и зелената карта како и за значењето на квалитетниот прием на штети кај осигурувањето живот

Четиринаесет осигурителни компании, денеска, по повод Денот на осигурувањето 1 ноември, доделија 14 стипендии на студенти – математичари на државниот Природно-математички факултет при УКИМ во Скопје. Станува збор за студенти со висок просек на насоките за актуарство и математика при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) кои ќе добијат можност за пракса во компаниите за осигурување, но и стипендија од 1.000 евра во денарска противвредност.

Иницијативата за стипендирање млади математичари од ПМФ е на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Целта е промоција, подигање на свесноста и афирмација во јавноста на актуарската професија која е дејност од суштинско значење во осигурувањето, а воедно и високо ценета и добро платена.

Студентите на математичките катедри на ПМФ се потенцијални актуари кои по завршување на соодветна обука што ја организира АСО можат да станат овластени актуари. И на тој начин да добијат вработување во осигурителни компании, друштва за управување со пензиски фондови, банки и други финансиски институции. 

Иницијативата на АСО за стипендирање на студенти годинава ја поддржаа 14 од вкупни 16 осигурителни компании и тие се: Триглав осигурување живот, Кроација осигурување – неживот, Еуролинк, Триглав осигурување неживот, Граве неживот, Уника Лајф, Граве живот, Халк Осигурување, Уника, Евроинс, Сава Осигурување, Кроација осигурување – живот, Винер Лајф и Македонија осигурување ВИГ.

Ова е втора година по ред осигурителната индустрија да доделува стипендии по повод денот на осигурувањето, а лани беа доделени 11 стипендии на студенти на Економскиот факултет при УКИМ.

Настанот го отвори Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти н аАСО и во своето обраќање истакна:

-За сите нас заедно е важно тоа што ова е убава приказна со изразите филантропска компонента. Придонесуваме за заедницата, се грижиме едни за други, покажуваме емпатија. Придонесуваме младите, перспективни и квалитетни кадри, да одлучат да останат во земјава, тука да се реализираат професионално, да основаат семејства и да придонесуваат во развојот на нашето општество. Веруваме, а посветено работиме заедно со членовите на Советот на експерти на АСО и  со сите вас од индустријата, на тоа да создаваме општествено корисни практики. Тие се алатки со кои во перцепцијата на домашната јавност осигурувањето ќе се позиционира како општествено одговорна дејност. И тоа, сериозно, значајно придонесува за градењето на довербата и тоа како е потребна за квалитетен раст на овој бизнис. 

Димитар Ковачевски, претседателот на Владата, во своето обраќање по повод денот на осигурувањето истакна:

-Сметам дека е навистина од големо значење тоа што денеска зборуваме за тоа како растот на осигурувањето да го трансформираме во долгорочен развој бидејќи само така ќе ги промовираме потенцијалите на оваа област, но и ќе ги презентираме можностите пред овие млади луѓе. Токму тие и нивната неисцрпна енергија се носителите на нашиот развој и носителите на нашата иднина.

Обраќајќи се пред присутните Ралица Губерова, претставник на осигурителниот бизнис и претседател на групацијата за осигурување при Стопанската комора истакна:-Единствено преку заеднички активности на сите учесници на пазарот на осигурување, со поддршка и координација од страна на регулаторот Агенцијата за супервизија на осигурување, заедно можеме да влијаеме за зголемување на бројот на осигуреници, зголемување на стапката на пенетрација на осигурувањето, за крајно да обезбедиме развој на целокупниот пазар на осигурување. Ова секако ќе ја подигне важноста и значењето на осигурувањето, ќе имаме се повеќе задоволни осигуреници, а друштвата за осигурување ќе станат поатрактивно место за работа на квалитетен кадар кој ќе биде мотовиран да го вложи своето време и труд во развој на овој значаен сектор за економијата и општеството во целина.“

Во име на студентите-стипендисти се заблагодари Даворин Трпевски, декан на ПМФ.

Во склоп на одбележувањето на денот на осигурување се одржа и панел дискусија под работен наслов „Како растот на осигурувањето да го трансформираме во развој“. На панелот уечствуваа Шајноски, претставник на регулаторот АСО, Бранко Азески, претседател на „Стопанската комора“, Филип Николоски, заменик министер за финансии, а претставници на осигурителните друштва беа: Христина Џамбазовска Анастасов, директор на „Триглав живот“ и Климе Попоски, директор на „Винер неживот“. Наважна тема за панелот беше донесувањето на новиот Закон за осигурување кој треба да ја приближи осигурителната индустрија кон европските стандарди и работа по правила содржани во ЕУ директивите кои ја регулираат оваа област.

На панел дискусијата се разговараше и за секогаш актуелниот реформски процес за либерализација на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и зелената карта. А беа опфатени и значајни теми од областа на осигурувањето живот, дејност која иако помала од неживотното осигурување во континуитет има поголем раст на вложувањата. На оваа тема особен акцент беше ставен на квалитетниот прием на штети како катализатор за раст и развој на осигурувањето живот. 

Во рамки на настанот беше презентиран и наградениот научно-истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување за кој АСО, традиционално низ годините, доделува награда. Автор на наградениот труд, годинава, е Антонио Крстаноски студент насоката за осигурување на факултетот во Охрид, кој е дел од универзитот „Свети Климент Охридски“ од Битола (УКЛО) Економскиот факултет при УКИМ во Скопје. На настанот Шајноски на Крстаноски му додели плакета, а од АСО беше доделена и парична награда од 80.000 денари. 

1 ноември е национален ден на осигурувањето, а воедно е и денот на кој, пред 14 години почнала со работа Агенцијата за супервизија на осигурувањето. АСО е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОД МАГАЦИНИТЕ ИМ „ИСПАРИЛЕ“ РЕЧИСИ 8 ТОНИ КАНАБИС!? Откриен кусок

28/10/2026
Uncategorized

Излезните анкети во Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата се обидува

28/10/2026
Македонија

825 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ШЕСТ ЧАСА Полицијата фати стотици возачи

27/10/2026
Македонија

НАУТРО ДО МИНУС ДВА, А ПРЕКУ ДЕН ДО 18 СТЕПЕНИ

27/10/2026
Македонија

📽️ ВНИМАТЕЛНО ЗАД ВОЛАНОТ, СНЕГ ВЕЕ НА СТРАЖА И Попова

27/10/2026
Македонија

„СДСМ ПРОПАЃА, А ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВА ЗА СРБИЈА“ Милошоски го прозва

27/10/2026
Македонија

НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ ПОД ЛУПА НА ИНСТИТУЦИИТЕ Владата најавува национален

27/10/2026
Македонија

СДСМ Е ОСНОВОПОЛОЖНИК НА СРПСКИОТ, РУСКИОТ И НА КИНЕСКИОТ СВЕТ

27/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46399
  • Регион 3998
  • Свет 17
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОД МАГАЦИНИТЕ ИМ „ИСПАРИЛЕ“ РЕЧИСИ 8 ТОНИ КАНАБИС!? Откриен кусок кај фирма во Струмичко што

28/10/2026

Речиси осум тони сув цвет од канабис недостигаат од магацини на фирма во Струмичко, која се занимава со одгледување канабис

Излезните анкети во Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата се обидува да му ја преземе власта!

28/10/2026

Израел се соочува со неизвесна политичка ситуација по парламентарните избори, откако излезните анкети покажаа дека ниту еден од двата главни

825 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ШЕСТ ЧАСА Полицијата фати стотици возачи што брзале

27/10/2026

За само шест часа, во акциска контрола на територијата на целата држава, полицијата регистрирала 825 прекршоци за пречекорување на дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy